Фотографија која предизвикува носталгија: Дали се сеќавате, вака изгледаше просечната дневна соба во поранешната СФРЈ
На Инстаграм страната Југоносталги беа објавени фотографии кои покажуваат како изгледала една просечна дневна соба во 80-тите години на минатиот век во поранешната СФРЈ.
Гломзани фотелји и троседи во неутрални бои, теписи од ѕид до ѕид, регали кои целосно ги покриваат ѕидовите со стари телевизори и радија – ова се слики кои се врежани во меморијата на постарите генерации, а беа дел од речиси секоја дом во текот на 70-тите и во 1980-тите во републиките, а денес независните држави кои настанаа од поранешна Југославија.
„Просечни дневни соби на Југословените во текот на 1980-тите“, стои во описот на
фотографиите.
На фотографиите можете да видите и стара машина за пишување, шаховска табла и комплети садови во стаклениот дел од регалот.
Уште една незаменлива карактеристика на домовите во овој период беа тапетите со разни принтови на ѕидовите.
Фотографијата разбуди носталгија кај многу луѓе, а во коментарите тие напишаа дека немале поудобен мебел и дека изгледа како временска машина, но дека некои сè уште имаат такви парчиња мебел во своите домови.