ФОТО | Актерката и во шестата деценија од животот знае како да го привлече вниманието на обожавателите! Деми Мур воодушеви со изгледот во минијатурно бикини: “Ја освојува плажата!“

Деми Мур и нејзиното мало домашно милениче – кучето Пилаф прават се заедно, што значи и дружење на плажа. Како што пишува Daily Mail, 60-годишната актерка споделила две фотографии на својот профил на социјалната мреѓа Инстаграм, каде ја следат 4,4 милиони луѓе, со натпис: „Пилаф ја освојува плажата“.

Секако, помалку внимание привлекло кучето, а далеку повеќе предизвикувачката верзија на актерката која на една од објавените фотографии е во микро бикини со леопард дизајн, додека Пилаф и седи на градите. Таа никако не се одвојува од своето милениче, па го носи и шопинг со себе, како што била забележана во март кога пазарувало во населбата Санта Моника во Лос Анџелес.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОБЈАВАТА ОВДЕ.

Деми Мур моментално се подготвува за излегувањето на својот нов филм, хорор филмот „The Substance“. Деталите за филмот главно беа во голема мера скриени од јавноста, иако проектот беше опишан како експлозивен феминистички став кон ужасот на телото. Датумот на излегување на „The Substance“ се уште не е објавен.

Минатиот месец, Деми Мур беше видена и со нејзината прекрасна ќерка Скаут ЛаРу Вилис на доделувањето на американските награди Fashion Trust 2023 година во студиото во Лос Анџелес.