ФОТО | Актерката од мега-популарното ТВ шоу го изобличила своето лице со пластична операција и сега мака мачи да го спаси – погледнете како изгледа
Актерката Даниела Вестбрук (49 г.) била подложена на неколку операции за да се обиде да си го спаси лицето кое и било изобличено од претходните естетски операции.
Да потсетиме, Даниела Вестбрук неодамна призна дека кога била помлада сакала пластични операции, но поради нив имала многу проблеми со слабеењето на коските на лицето како и тоа дека често нејзиното лице било отечено. Сега таа се обидува да го спаси својот изглед со низа реконструкции на ликот.
Актерката и ѕвездата на „Big Brother“ го оперирала носот, го затегнала стомакот, а во лицето и биле ставени масни наслаги од стомакот, кој исто така бил целосно затегнат. На фотографиите од папарацо-новинарите објавени во светските медиуми се гледаат завои околу нејзината глава и нос.
Блиски изврои до актерката тврдат дека таа толку се плашела од операцијата што дури помислила дека ќе умре, па дури и напишала тестамент.