ФОТО | АЛАРМ ВО ТАЈВАН – 25 кинески борбени авиони влегле во воздушниот простор на островот – што се случува !?
Министерството за одбрана на Тајван, остров кој Пекинг го смета за дел од Кина, утринава соопшти дека 25 кинески воени авиони ја поминале средната линија на Тајванскиот теснец во последните 24 часа.
Тој теснец е предмет на меѓународен спор, Кина смета дека има суверенитет над него, а средната линија, позната и како „Дејвис“, е одредена во 1955 година и се смета за граница меѓу двете страни.
Во соопштението се наведува дека кинеските борбени авиони Su-30 и Ј-11 влегле на територијата на Тајван, а нема информации дека Кина вчера и денеска ги продолжила воените вежби.
Тајванските власти соопштија дека Кина најверојатно ќе спроведе воени вежби во близина на островот како одговор на посетата на тајванскиот потпретседател Вилијам Ли на САД.
Тајпеј соопшти дека Пекинг ја користи посетата како изговор за заплашување на гласачите пред претседателските избори што треба да се одржат во Тајван следната година.