ФОТО | Али Ахмети на средба со министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка

Претседателот на Демократска Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се сретнал со министрите за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, на Чешка, Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влачовски, во рамки на нивната официјална посета на нашата земја.

Главна тема на која разговарале на средбата, како што соопштија денеска од ДУИ, бил европскиот пат на земјата, важноста и неопходноста од усвојувањето на уставните измени, скрининг процесот, предизвиците на реформирање на земјата во европски дух, како и важноста на одржувањето на домашната и регионална стабилност.

Ахмети, се наведува во соопштението, ги информирал дипломатите на земјите членки на Европската унија за заложбата и планот на владината коалиција за трасирање на безбедниот пат кон европскиот хоризонт, за иницијативата на европскиот фронт кој успешно ќе го предводи виталниот процес на усвојување на уставните измени, кој не треба да се перцепира само како услов за деблокирање на европскиот пат, туку и како механизам за зајакнување на демократските капацитети на земјата.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети потенцирал дека земјата има прогресивни сили кои се грижат за одржување на проевропската ориентација на земјата, кои се посветени за финализирање на скрининг процесот, за таргетирање на клучните точки на дејствување во насока на реализација на реформите во европскиот дух и ставање на располагање на сите институционални капацитети за успешно надминување на сите предизвици кои ќе произлезат од интегративниот процес.

Тој изразил благодарност за досегашната поддршка на сите земји членки на Европа за сите досегашни достигнувања на земјата, барајќи од нив продлабочување на таа поддршка за европската иднина на земјата.

Домашната, регионалната и стабилноста на целиот европскиот континент е приоритетно прашање што може да се гарантира само преку европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Овој пат не треба да биде загрозен и не треба да се држи во заложништво европската иднина на граѓаните“, стои во соопштението од ДУИ.