ФОТО | Актерката градникот го оставила дома, но затоа стомачните мускули и се на своето место: Никол Кидман блесна во злобно секси издание – погледнете

Никол Кидман (56 г.) ги сврте сите погледи кон нејзе во црн фустан со шлиц додека присуствуваше на премиерата на Paramount+ и Vanity Fair на „Special Ops: Lioness“ во вторникот вечерта. 

Никол Кидман е извршен продуцент и ѕвезда на овој шпионски трилер инспириран од реална американска воена програма.

Актерката го привлече вниманието со извајаните стомачни мускули кои ги покажа во долг црн фустан. Фустанот имал деколте кое ги покажува стомачните и долниот дел од градите, а на деколтето имало и цвет околу вратот. Со фустанот носела проѕирни елегантни црни ракавици, додека косата ја обликувала во елегантна пунџа и сето тоа со елегантна шминка.

слика
Никол Кидман

Серијата, на чија премиера блесна Никол Кидман, го следи животот на една млада жена во служба на Маринскиот корпус, која е регрутирана од ЦИА да се спријатели со ќерката на терористичка група за да ја урне организацијата одвнатре. Серијата ја напиша Тејлор Шеридан, а заедно со него, на серијата работеа Зои СалданаМорган ФрименЛејсла Де Оливеира и Мајкл Кели.

слика
Никол Кидман

Улогата што ја игра Никол Кидман мора да се движи помеѓу работата во високо рангирана разузнавачка заедница, играјќи ја улогата на сопруга која копнее за внимание и менторирање на некого на тежок пат што таа самата го доживеала. 

Првите две епизоди од оваа трилер серија ќе бидат достапни на 23. јули на Paramount+. Една епизода ќе се објавува секоја недела, а финалето на сезоната ќе биде на 3. септември.