НОВА ЉУБОВ !? Шакира се забавувала до раните утринските часови со познатиот возач на Формула 1: “Танцуваше на неговата маса и се упатија кон хотелот“

Гласините велат дека пејачката Шакира (46 г.) викендов се забавувала до раните утрински часови со возачот на Формула 1Луис Хамилтон (38 г.), а шпекулациите за нивната романса се повеќе се вжештуваат.

Пејачката се упатила кон ноќниот клуб „Tape“ во Лондон за да се сретне со формула возачот. На ноќното излегување присутните забележале дека тие добро се забавуваат на ВИП масата во клубот. Шакира останала до 03:30 часот наутро, а Луис Хамилтон до 06:00 часот наутро.

Тие беа заедно на ВИП масата, а Шакира разговараше со Луис Хамилтон и неговото друштво“, изјавил еден од присутните во клубот за The Sun.

Изгледаше дека добро се забавува и танцуваше покрај масата на која беше со Луис Хамилтон“, додал изворот за споменатиот медиум.

слика
Луис Хамилтон и Шакира

Потоа, изворот открива дека околу четири и пол часот наутро, возачот ја однел Шакира назад во хотелот „Caffe Royal“. Откако бил надвор до 6 часот наутро, а возачот на Формула 1 се врати во својот хотел. Нивната интеракција во текот на вечерта изгледала „многу пријателска“.

Луис Хамилтон заврши трет по неделната трка во Силверстон, веднаш зад Ландо Норис кој заврши втор и Макс Верстапен кој победи. Шакира исто така била забележана и дека присуствувала на трката.

Ова не е прв пат Луис Хамилтон и Шакира да се видат заедно откако таа се раздели од поранешниот партнер Жерар Пике (36 г.) минатата година. Тие беа видени како уживаат во патувања со брод со пријателите во Мајами и на вечера заедно во Барселона откако Луис Хамилтон заврши на второто место по трката.