ФОТО | БАКНЕЖОТ ЗА КОЈ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ – Новак и Јелена Ѓоковиќ разменуваат романтични бакнежи на теренот, а љубовта ‘цвета’ како на почетокот, погледнете!
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, по одморот ги започнува подготовките за претстојните обврски кои го очекуваат.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ прво ќе го игра Мастерсот во Синсинати а потоа на неговиот „репертоар“ е УС Опен, па српскиот тенисер полека ја подобрува формата.
Новак Ѓоковиќ се уште е со семејството во Херцег Нови, а денес истрча на тенискиот терен со сопругата Јелена.
Двајцата малку се натпреварувале меѓусебно, а по неколку поени следел романтичен бакнеж од најпознатата српска двојка.