ФОТО | “БЕА ЦЕЛОСНО ЗБУНЕТИ!“ – Непријатно изненадување за ѕвездите на Реал Мадрид во Манчестер: “Модриќ делуваше фрустрирано, Бензема се смееше“

Непријатно изненадување ги дочекало фудбалерите на Реал Мадрид по нивното денешно пристигнување во Манчестер.

Имено, автобусот кој требало да ги однесе до хотелот во Манчестер не се појави на време за ѕвездите на „Кралскиот клуб“ во пресрет на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Лука Модриќ, Карим Бензема, Тони Крос и другите ѕвезди на Реал Мадрид го чекале пристигнувањето на автобусот околу 40 минути.

Карим Бензема ја виде смешната страна на доцнењето на автобусите, додека Лука Модриќ изгледаше фрустрирано како Карло Анчелоти“, пишува британскиот весник Daily Mail.

На крајот, автобусот навистина се појавил и ги однесе играчите во хотелот, каде што ќе ги продолжат подготовките за утрешниот натпревар.

Едер Милитао и Дани Карвахал, кои го пропуштија последниот тест против Гетафе поради суспензија, се враќаат во Реал Мадрид за реваншот против Манчестер Сити (првиот натпревар во Мадрид заврши 1:1), но настапот на Едуардо Камавинга, кој доби непријатен удар до колена против Гетафе, е под знак прашалник.

Имам јасна идеја со кого ќе трчаме во среда, не се сомневам. Се чувствуваме сигурни. Имаме силна клупа со играчи кои можат да придонесат на вакви натпревари. Минатата година играчите кои дојдоа од клупата ни помогнаа да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјавил Карло Анчелоти во најавата за натпреварот.