ФОТО | БЕЗ ШМИНКА, И БЕЗ ОБЛЕКА – Кендал Џенер ги запали социјалните мрежи со разголени фотографии од Барбадос
Кендал Џенер ја покажа својата неверојатна фигура позирајќи во минијатурни бикини додека беше на новогодишно уживање на Барбадос. 28-годишната ѕвезда облече црвено-бели бикини и ги сподели фотографиите со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм во четвртокот.
Додека паузираше од својата кариера како супермодел и модните писти, таа е фотографирана со пријателите како ужива на плажа во сите можни пози – гледа директно во камерата, ја крева својата танга, без градник итн… Во објавените фотографии таа е без трошка шминка, косата делумно и е крената, а дополнително се украси со прстени и обетки. Нејзината провокативна објава можете да ја погледнете ОВДЕ.
Кендал Џенер ја прославила новогодишната ноќ со Џастин и Хејли Бибер на Барбадос, а на патувањето бил и нејзиното поранешно момче Бад Бани и многу заеднички пријатели. Извор за TMZ изјавил дека парот не се смирил и дека официјално не се заедно, туку дека се дружат поради заеднички пријатели без романтични испади.
Ден пред фотографиите во бикини, Кендал Џенер објави фотографија на Инстаграм во проѕирен фустан без градник, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.