(ФОТО) БМВ потврди: Работиме на нов М3, ќе има над 1.000 КС

BMW го потврди и датумот на пристигнување на новиот модел.

Очекувано, новиот M3 ќе ја користи основата на неодамна прикажаниот концепт познат како Neue Klasse. Во исто време, од BMW потврдија дека работат на целосно електричен М3, кој ќе биде лансиран за најмногу четири години, односно до 2027 година.

Како што пренесува Carsales, информацијата ја потврдил лично директорот за развој Френк Вебер, кој оваа недела учествуваше на медиумската промоција на BMW i5 во Португалија. Во таа прилика тој потврди и дека платформата е развиена за да може да прифати погон со четири електромотори и вкупна моќност од 1 MW.

Вебер не потврди недвосмислено дека новиот М3 сигурно ќе има 1000 kW, односно 1360 КС, но сосема е сигурно дека новиот М3 ќе има електричен погон.

„Сакаме да смислиме нешто што покажува дека Ноје Класе е веќе многу амбициозен. Но, ова е нешто многу повеќе од она на што се навикнати луѓето денес. Ова ќе дојде со М3 и нема да биде премногу далеку од првичното лансирање на Neue Klasse како производна линија“, рече Вебер.

Вебер јасно кажа дека и електричниот М3 ќе биде вистински М3 по возните карактеристики, а единствено место каде што ќе недостасува е звукот. Но, има и изненадување, а тоа е дека електричниот М3 има задача да ја прошири понудата, што значи дека бензинецот М3 со шестцилиндарецот S58 3.0 ќе коегзистира до понатамошно известување.

„Тоа е убав мотор, ние дефинитивно ќе го направиме способен за Еуро 7 и други работи, така што тоа ќе се случи. Нема да имаме две различни класи – ќе има коегзистенција на решенија на пазарот, што е неопходно“, заклучи Вебер.