ФОТО | Болна исповед на една од најубавите манекенки во светот – Бела Хадид си ја отвори душата за тешката битка со ретка болест: “Речиси 15 години поминав во страдање… Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена!“
Една од најубавите манекенки во светот, Бела Хадид, ги информираше нејзините обожаватели за нејзиното здравје поради „болната“ битка со Лајмската болест, инфекција предизвикана од бактеријата Borrelio burgdoferi, која се пренесува со каснување на заразен крлеж. Таа, исто така, им се заблагодари на сите оние кои ја поддржуваа низ годините во нејзината тешка битка.
„Малата јас што страдав ќе беше толку горда на мене затоа што не се откажав од себе“, вака таа ја започна својата долга објава на социјалната мрежа Инстаграм, со овие зборови, на која имаше неколку фотографии од третманот.
Прво, таа и се заблагодари на нејзината мајка, Јоланда Хадид, за тоа што ги чувала сите нејзини медицински досиеја, што биле покрај неа, што никогаш не ја оставила, ја заштитувала, ја поддржувала, но најмногу што верувала во неа низ сето она што го поминала.
Сите фотографии и објавата на Бела Хадид погледнете ги ОВДЕ.
Во својата објава, Бела Хадид продолжи да објасни дека откако дознала за болеста, нејзината состојба само се влошувала со текот на времето и дека симптомите го зеле данокот на начини што таа не може да го објасни.
„Да се биде толку тажна и болна со многу благослови/привилегии/можности/љубов околу мене беше веројатно најзбунувачката работа досега“, пишува таа, пред да потврди дека е во ред и обожавателите да не се грижат.
И покрај исцрпувачката болест и болните третмани, манекенката истакна дека – „нема ништо да промени“ и дека – „ќе помине низ сето ова повторно“ бидејќи на крајот тоа ја направило она што е таа денес.
Таа исто така додала дека – „речиси 15 години невидливо страдање се исплателе“ бидејќи имала можност да шири љубов и за прв пат во животот би можела да биде вистинската личност.
„Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии што можев да ги најдам, бидејќи колку и да беше болно ова искуство, исходот беше најпросветлното искуство во мојот живот, исполнето со нови пријатели, нови визии и нов мозок“, објаснува таа и им се заблагодари на сите кои биле со неа на тој пат.
„Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена, многу ми недостигате сите, многу ве сакам сите“, заклучила таа.
Да потсетиме, во јули манекенката откри дека зема слободни денови поради влошување на здравјето предизвикано од Лајмска болест. Поради болеста, таа беше принудена да оди на секојдневни третмани во последните четири месеци.
Не долго после тоа, Бела Хадид ја прекина двегодишната врска со Марк Калман.
„Тие беа многу заљубени, но врската на крајот тргна по друг пат и решија да ја прекинат романсата. Бела Хадид е многу убава личност, но се бори со притисокот на славата. Таа се обидува да се грижи за себе од нивното раскинување“, изјавил извор за магазинот ET, кој додал и дека таа имала проблем со пиењето, а од јануари е трезна односно не консумира алкохол.
„Завршив со алкохолот. Сакав да пијам, но дојде до точка каде што почнав, знаете, да ги откажувам состаноците бидејќи чувствував дека нема да можам да се контролирам таму социјално“, призна таа во јануари.
Бела Хадид се отрезнила односно прекинала со алкохолот откако сфатила дека дури и најприземните одлуки како што да облече и создаваат неподнослива вознемиреност.
„Ќе имав навистина депресивни епизоди и мајка ми или докторот ќе ме прашаа како ми е и наместо да им одговорам во порака, само ќе им испратев фотографија. Тогаш ми беше најлесно затоа што никогаш не можев да објаснам како се чувствував“, изјави таа минатиот јануари за WSJ.
„Едноставно ќе претрпев неподнослива и исцрпувачка психичка и физичка болка, а не знаев зошто. Така се чувствував во последните три години“, призна таа за време на тоа интервју.
Бела Хадид исто така зборуваше за тоа како страдала од екстремна депресија и анксиозност во поголемиот дел од нејзиниот тинејџерски и возрасен живот.
„Мојата социјална анксиозност беше нешто што полека ме навлегуваше додека влегов во дваесеттите“, напиша таа тогаш во објавана социјалната мреѓа Инстаграм и додаде: „Ми стана потешко да излезам без ниту една пијачка за да ги смирам нервите, поради што воопшто не сакам да излегувам, па само хибернирам меѓу работните места“.
„Со овој начин на живот каде постојано треба да бидете социјално активни, заедно со работа која трае 13 часа дневно, секој ден… Знаев дека ова не е одржлив начин на живот за мене“, заклучила Бела Хадид.