ФОТО | Брутална изјава на Лепа Брена за големите трагедии што се случија во Србија – по овие зборови целиот Балкан ќе си стави ‘прст на чело’
Трагедиите што изминативе денови се случија во соседна Србија длабоко го потресоа целиот регион, а по повод овие немили настани, јавни личности од соседството со денови се огласуваат на социјалните мрежи.
Неопислива е тагата и на Лепа Брена, најголемата балканска музичка ѕвезда која несебично ги сподели своите најдлабоки емоции со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
„Тоа е потценување – ТРАГЕДИЈА! Го доживувам ова тешко како и секоја мајка. Ова е последната фаза и смрт на нашето општество. Насилството, дрогата, убиствата и криминалот се секојдневие од нашиот живот, а медиумите, печатени и електронски, како и социјалните мрежи, се поттикнувач на злото кое се шири со брзина на епидемија. Моето сочувство до семејствата – семејството Живојиновиќ“, напишала пејачката кратко по страшната вест за масакрот во училиштето во Врачар и ги известила своите бројни обожаватели дека ќе ги откаже настапите до понатамошно известување.
Времето минува и тридневната жалост во Србија е официјално завршена, но никој не може да се помири со фактот дека сите тие животи се згаснати засекогаш.
Тагата на Лепа Брена, како и на целото нејзино семејство, не стивнува, а таа на својот профил повторно со силна порака го сподели своето видување за целата ситуација со сочувство за семејствата на загинатите.
„Тешко го продолжуваме новиот ден. Тагата и сочувството продолжуваат. Моралот, етиката и срамот треба да се вратат. Треба да се вратат интелигенцијата, мудроста и почитта, резултатите од работата, кредибилитетот и достоинството“, стои во објавата на најголемата балканска ѕвезда.