ФОТО | БУДЕЊЕТО НА “ЏИНОТ“ – Етна го поцрвене небото: Погледнете ја ерупцијата на најголемиот вулкан
Вулканот Етна еруптираше во неделата, исфрлајќи пепел и лава високо над италијанскиот остров.
Ерупцијата произведе фонтана од лава од југоисточниот кратер, а еруптивната активност во голема мера беше покриена со голема облачност.
И покрај облачноста, можеше да се види еруптивна колона од пепел и лава до висина од околу 4.500 метри.



Облак од вулканска пепел падна на југоисточната страна на вулканот, особено над градовите Мило и Заферана Етнеа.
Аеродромот во блиската Катанија останува отворен и покрај вулканската активност.
Етна е најголемиот италијански вулкан. Се наоѓа на источниот брег на Сицилија и често е активен, иако не толку опасен.