ФОТО | Вака Владимир Путин досега го нема никој видено! Рамзан Кадиров објави селфи од Кремљ и се пофали: “Врховниот командант има специјална задача за мене!“

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, денес објави селфи со рускиот претседател Владимир Путин.

Рамзан Кадиров нагласи дека Владимир Путин за време на вчерашната средба во Москва побарал од него да им го честита празникот Курбан Бајрам на војниците и на граѓаните од муслиманска вероисповед.

Нашиот претседател Владимир Владимирович Путин има голема почит кон муслиманите на нашата голема и пријателска земја. Го информирав за социо-економската ситуација во Чеченија и разговаравме за долгорочните планови и достигнувања на регионот. На крајот од средбата, Владимир Владимирович ме замоли да им пренесам искрени честитки на сите муслимани по повод Курбан Бајрам и да им пренесам желби за среќа, добрина, мир и просперитет“, вели Рамзан Кадиров во објавата на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Лидерот на Чеченија открива дека Владимир Путин имал и посебно барање.

Врховниот командант конкретно побара да им честитам на војниците кои учествуваат во специјалната воена операција. На храбрите момци им посакав успех и среќа и брзо завршување на задачите. Со голема радост извршувам почесна мисија и се придружувам на желбите на Владимир Владимирович! Среќен празник! Нека Курбан Бајрам ги исполни срцата на сите верници со среќа и мир“, нагласува Рамзан Кадиров во објавената порака.