ФОТО | ВАКА СЕКСИ ОДАМНА СВЕТОТ ЈА НЕМА ВИДЕНО – Викторија Бекам изненади со предизвикувачко издание и објави голема вест

Викторија Бекам го привлече вниманието со неверојатна нова објава на социјалната мрежа Инстаграм и објави дека ја лансира својата колекција парфеми на 29. септември.

Поранешната пејачка и модна дизајнерка (49 г.) ја покажа својата затегната фигура во црн градник од тантела и вешто позираше пред камерите. Нејзините црни прамени беа залепени назад во уредна пунџа, додека црн превез го покриваше нејзиното лице. Викторија Бекам се одлучила за бронзена шминка, со темна шминка за очи и црвен кармин, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поранешната членка на женската поп група Spice Girls ја лансираше својата модна етикета во 2008 година и почна да продава производи за шминка во 2019 година, под името на брендот „Victoria Beckham Beauty“.

Инаку, во најавата за нивниот документарен филм за Netflix, Викторија и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам открија дека се запознале на хуманитарен фудбалски натпревар во 1997 година, а сега дале увид во таа прва средба и откриле што мислеле еден за друг тогаш, пишува Daily Mail.