ФОТО/ВИДЕО | ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА НА МОСТОТ САД-КАНАДА! ФБИ на лице место

Мостот „Виножито“ што ги поврзува Соединетите Американски Држави (САД) и Канада кај Нијагарините водопади во државата Њујорк е затворен по експлозија на возило.

Канцеларијата на градоначалникот во Нијагара соопшти дека инцидентот вклучувал возило што преминало во САД од Канада.

Според информациите, ФБИ е на местото на настанот.

Рон Риенас, генерален директор на управата за јавниот мост „Бафало“ и „Форт Ери“, изјави за ABC News дека сите четири канадско-американски мостови над реката Нијагара се затворени како мерка на претпазливост додека мостот „Виножито“ се истражува.

Гувернерката на ЊујоркКети Хохул изјави:

Во моја насока, полицијата на државата Њујорк активно работи со заедничката работна група за тероризам на ФБИ за да ги надгледува сите точки на влез во Њујорк. Ке ги извести њујорчаните кога ќе станат достапни повеќе информации“.

Првите фотографии и видеа од местото на настанот можете да ги погледнете ОВДЕ.