ФОТО/ВИДЕО | Шокантни сцени од пред училиштето во Белград: Очајни родители во солзи, владее хаос, паника и целосно неверување – полицијата го уапси детето монструм кое ги уби соучениците, наставничката и чуварот

Седмо-одделенецот Коста К. (14 г.) е уапсен по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија, поради тоа што со пиштолот на својот татко убил најмалку осум ученици, обезбедувањето и наставнича од споменатото училиште. Толниот број на ранетите се уште не е познат, јавуваат српските медиуми.

Nova.rs јавува дека наставничката ранета во пукотницата животот го загубила во болницата во Белград.

Пред основното училиште во Врачар во моментов има голем број полициски екипи, неколку амбулантни возила, како и многу загрижени родители. Како што пренесуваат српските медиуми, осомничениот ученик (14 г.) по пукањето побегнал од местото на настанот, но полицијата набрзо го уапсила.

Приведување на 14-годишниот ученик Коста К.

Blic.rs пишува дека учениците раскажуваат како нивниот соученик добил единица по предметот историја и дека „полудел“, а токму поради тоа го сторил овој крвав чин.

Тој пукал во наставничката во канцеларијата, а потоа и во неговите школски другари“, велат сведоците на настанот за соседните медиуми.

Бевме исплашени, настана хаос, паника. Се криевме. Тој го застрела чуварот во глава“, додале шокираните деца.

Инаку, деттето неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби, а лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја.

Еден од учениците за Blic.rs изјавил дека слушнал пукање и дека некои ученици веднаш излегле во ходникот да видат што се случува.

Прво помислив дека нешто се слуша надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, дојде и впери пиштол во сите нас“, низ плачење раскажува еден од шокираните ученици од училиштето за Blic.rs.

Ученикот кој го донел пиштолот на татко му на училиште и започнал крваво дивеење бил однесен на распит во полициска станица.

Според првичните информации, четворица ученици се пренесени во болница во Белград. Официјалниот мотив засега не е познат како и бројката на жртви.

Затворени се улиците „Краља Милутин“ и „Светозар Марковиќ“ во Белград, а на терен се обвинителството и силни полициски мерки.

Пред училиштето се собрале родители, меѓу нив и познатиот српски водител Зоран Кесиќ, чие дете оди во тоа училиште. Учениците кои биле во училиштето во моментот на нападот опишале моменти на ужас. 

Тој пукаше по случаен избор, во раката држеше два чаури со куршуми. Прво пукал во наставничката по историја, а потоа продолжил понатаму. Уби двајца наши пријатели, јас легнав врз нив за да помисли дека сум мртов. Излегол од училницата, истрелите се уште се слушаат. Кога станав, го видов Драган мртов“, рекла една девојка, цитирана од Nova.rs.

Белград, Србија
Белград, Србија
Белград, Србија