ФОТО | Владимир Путин ги послуша барањата на верниците – по 90 години во музеј, најпочитуваната руска икона се враќа во црквата ‘Христос Спасител’

Иконата „Света Троица“ ќе биде вратена во Руската православна црква (РПЦ). Оваа одлука ја донесе претседателот на Русија, Владимир Путин.

Веб-страницата на Руската православна црква објави дека ваквата одлука наводно била донесена како одговор на бројните барања на православните верници иконата да се пренесе во црквата.

Од Патријаршијата објаснуваат и дека во првата година по префрлањето, иконата „Света Троица“ ќе биде изложена на јавна богослужба во катедралата на „Христос Спасителот“. Подоцна иконата трајно ќе биде сместена во катедралата „Света Троица“.

Првиот човек на Патријаршискиот совет за култура Тихон тврди дека приоритет ќе бидат барањата на музејот за зачувување на иконата во катедралата „Христос Спасител“.

Храмот и иконата ќе бидат соодветно подготвени“, изјавил тој за РИА Новости.

Света Троица“ на Андреј Рубљов е икона изработена од почетокот на XV век, а тоа е едно од најпознатите дела на древното руско сликарство и едно од најпочитуваните слики меѓу православните верници.

Од 1929 година, иконата е во колекцијата на „Третјаковската галерија“, а до 2022 година, таа го напушташе музејот само неколку пати.

Во 1941 година, иконата на Андреј Рубљев беше евакуирана во Новосибирск заедно со други експонати и се чуваше на тајни и безбедни локации низ Русија.