ФОТО | ВЛАДИМИР ПУТИН НА ГОЛЕМА ТУРНЕЈА НИЗ БЛИСКИОТ ИСТОК – Се сретна со саудискиот принц: “Сакаме постојан и сеопфатен мир во Појасот Газа“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, пристигна во Саудиска Арабија во средата навечер по посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Според саудиската прес-агенција SPA и руската медиумска агенција ТАСС, Владимир Путин разговарал со саудискиот престолонаследник и де факто владетел Мохамед бин Салман по неговото пристигнување.

Владимир Путин ги истакна блиските односи меѓу Русија и саудиското кралство.

слика
Владимир Путин и Мохамед бин Салман

Ништо не може да го наруши развојот на нашите пријателски односи“, рекол тој, пренесува ТАСС

Владимир Путин се договорил и со престолонаследникот следната средба да се одржи во Москва.

Иако Русија не е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), таа тесно соработува со картелот ОПЕК + за да постигне повисоки цени. 

Владимир Путин и саудискиот престолонаследник ја истакнаа нивната заедничка одговорност за предвидлив меѓународен енергетски пазар“, изјави портпаролот на КремљДмитриј Песков.

Според Димитриј Песков, претседателот и престолонаследникот разговарале и за ситуацијата со војната во Појасот ГазаДимитриј Песков, сепак, не соопшти никакви детали.

SPA го објасни својот став за воената инвазија на Москва на Украина, велејќи дека Саудиска Арабија секогаш одржувала контакт со раководствата на Москва и Киев и ги поддржувала хуманитарните иницијативи.

Кралството верува во мирно решение преку дијалог, поради што во август беше домаќин на конференција посветена на Украина.

слика
Владимир Путин и Мохамед бин Салман

За време на кратката турнеја, Владимир Путин претходно беше примен од претседателот Мохамед бин Саџид во Обединетите Арапски Емирати. Тие разговараа за „различни регионални и меѓународни прашања“.

Двете земји повикаа на прекин на огнот за „траен и сеопфатен мир“ во војната во Појасот Газа. Тие се согласија дека основата за траен мир треба да биде решение со две држави. Според Владимир Путин, ОАЕ се најважниот трговски партнер на Русија во арапскиот свет.