ФОТО | Зеленски купил луксузна вила во близина на имотот на Евгениј Пригожин во Тоскана: “Луксузните вили се на само 5 минути пешачење една од друга“ – погледнете

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и сопственикот на руската приватна воена група Вагнер, Евгениј Пригожин, имаат вили кои се наоѓаат во иста населба во Тоскана.

Ова го тврди германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung и наведува дека вилите се наоѓаат во луксузното одморалиште Форте деи Марми на брегот на Тиренското Море.

Слободно може да се каже дека од вилата на Володимир Зеленски до вилата на Евгениј Пригожин е на само пет минути пешачење низ мирната населба Виторија Апуан во сенката на стогодишните борови и расцутените бугенвили во луксузно одморалиште“, пишува германскиот весник.

Но, Володимир Зеленски и Евгениј Пригожин не летуваат во луксузно одморалиште, бидејќи заедно со своите војници и платеници 17 месеци водат жестока војна еден против друг.

Претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски, односно италијанската компанија што ја застапува неговата сопруга Олена Зеленска, купила вила на улицата „Виа Матео Цивитали“ пролетта 2019 година, кога тој беше само претседателски кандидат. Италијанските медиуми јавуваат дека купопродажната цена на имотот со 15 соби и базен во добро уредена градина била околу 3,9 милиони евра, а сопругата на украинскиот претседател ја користила куќата најмногу еднаш, во 2022 година.

Италијанските медиуми претходно пишуваа дека Володимир Зеленски ја изнајмува својата вила.

Семејството Пригожин веќе некое време се во овој мал град во крајбрежната Тоскана.

Улицата „Фратели Рочели“ во Форте деи Марма индиректно припаѓа на семејството на Евгениј Пригожин. Во 2017 година, руски претприемач купил луксузна двокатна вила од 400 квадратни метри со градина од 16 хектари и базен во име на Евгениј Пригожин. Цената била околу 3,5 милиони евра и оттогаш секој руски олигарх кој се грижи за себе си купил недвижен имот на тоа место.

Одморалиштето Форте деи Марми стана елегантна дестинација за аристократијата и богатите Италијанци пред околу еден век кога основачот на компанијата Fiat, Едоардо Ањели меѓу првите ја купи неговата вила.

Една година пред пандемијата, повеќе од 15.000 Руси летувале во Форте деи Марми, но во периодот на изолација поради пандемијата во 2020 и 2021 година и поради санкциите наметнати на Русија од Запад, бројот на руски туристи се намалил, пишува весникот Politico.

Оваа година, во првата сезона по официјалниот крај на пандемијата, речиси 10.000 Руси летуваат на ова место во северозападна Тоскана.

Според тврдењата на хотелиери, ресторани и локални политичари, никогаш немало никакви проблеми меѓу Русите и Украинците во Форте деи Марми – ниту пред избувнувањето на војната во Украина, ниту потоа.

Русите и Украинците се подеднакво популарни меѓу деловните луѓе и туристичките работници бидејќи припаѓаат на групата големи потрошувачи“, заклучува германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung.