ФОТО | Вооружени специјалци ги изведоа напаѓачите од манастирот на суд во Приштина – властите во Косово објавија: “Ова е водачот на српските терористи!“

Со силни безбедносни мерки, лицата осомничени за нападот врз косовската полиција за време на викендот, напад во кој еден полицаец беше убиен, а друг повреден, во вторник се изведени пред судот во Приштина.

Косовската и српската страна меѓусебно се обвинуваат за инцидентот, а премиерот на КосовоАлбин Курти, вели дека сè било „оркестрирано“ од Белград, додека претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, вели дека Албин Курти сака да предизвика хаос.

При приведувањето на осомничените, судската палата била обезбедувана со силни сили на специјалната полиција, а осомничените биле приведени со лисици.

слика
слика

Адвокатот на еден од приведените, Дејан Васиќ, вели дека на неговиот клиент му е одреден еден месец притвор и дека ќе се жали на таа одлука. Тој додаде дека станува збор повеќе за недоразбирање, отколку за криминално дело.

Судот одлучи на осомничените напаѓачи да им биде одреден еден месец притвор.

Во меѓувреме, косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од манастирот и тврди дека групата Срби што ги нападнале полицајците ја диригирал Милан Радоичиќ, потпретседател на Српската листа на Косово. Видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Оној на фотографиите подолу е Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа, исто така од црната листа на САД и Велика Британија. Главниот криминалец Милан Радоичиќ бил водач на оваа терористичка група и нападот во кој полицаецот Африм Буњаку е убиен. Ова е уште еден доказ за неговите терористички активности против Република Косово. Потпретседателот на Српската листа е водач на терористичкиот напад и терористичката група“, напиша Џелал Свечла.

Тој додаде дека мапата на терористичкиот напад се разјаснува секој ден. 

Александар Вучиќ преку Српската листа, а тие преку нивниот потпретседател Милан Радоичиќ, презедоа терористичка акција против правниот и уставниот поредок на Република Косово, обидувајќи се да ја дестабилизираат нашата Република“, тврди тој и додава дека Српската листа го гледа својата учество во Косово само на терористички начин.

Не успеаја. Во меѓувреме, деновите на жалост што денеска ги објави Србија и Српска листа се веќе печат на авторството на оваа организација“, додаде тој.

слика
слика