ПО НАСТИНКА И ВИРУС НАШИОТ ОРГАНИЗАМ Е ‘УНИШТЕН’ – Докторите откриваат како веднаш да се вратите во ‘форма’!

По настинка или стомачен вирус, на телото му треба повеќе време да се опорави и да ја врати енергијата. За да ја вратите првобитната сила, важно е да внесувате електролити, за што подетално откриваат докторите.

Ако сте имале стомачен вирус, а гадењето, повраќањето и дијареата ви биле верни придружници, сега веројатно се чувствувате исцрпено и дехидрирано. Ова се знаци дека можеби ви недостасуваат електролити“, велат докторите и откриваат како можете да го надоместите тоа.

Патем, електролитите се минерали во телото, кои се неопходни за нормално функционирање. Натриум, калиум, калциум и магнезиум се некои од главните електролити. Овие минерали играат клучна улога во балансот на течности, мускулната и нервната функција. Тие се неопходни за нормално функционирање на телото.

Знаци на дефицит на електролити:

  • Мускулни грчеви
  • Замор
  • Гадење
  • Вртоглавица
  • Неправилен срцев ритам

Докторите препорачуваат многу вода за да останете хидрирани. Растворите за орална рехидратација (како што се оралните електролити) можат брзо да ги надополнат електролитите, како и природните извори на електролити – овошјето како што се бананите (богати со калиум) и портокалите (богати со калиум и натриум) можат да бидат одлични природни извори на електролити. Исто така, билните чаеви како ѓумбирот можат да бидат корисни за смирување на желудникот и за надополнување на електролитите, а и додавањето сол во оброците во умерени количини може да помогне да се надомести натриумот.