ЧОВЕК КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ЖЕНИ : 55 години се забарикадирал во неговата куќа за да не запознае женa: Не се откажуваат и му фрлаат преку ограда (ВИДЕО)

Калитсе Нзамвита (71) од Руанда имал само 16 години кога цврсто решил да се изолира од светот за да не биде принуден да запознава жени.

Тоа не му било доволно, па околу куќата од кал изградил дрвена ограда висока два метра, а излегувањето го свел на минимум – се со цел да не се најде во женско друштво.

„Чудно, иако се плаши од жени, ние сме тие кои му помагаме да добие храна и некои работи што му се потребни. Кога се обидуваме да му помогнеме, тој не сака да му се приближиме или да разговараме со него. Наместо тоа , му ги оставаме работите пред дома или ги фрламе преку ограда. Не ни дозволува да му се доближиме, но сепак го зема тоа што го даваме“, изјавила неговата прва соседка.

Самиот вели дека се одлучил за ваков доброволен затвор за да биде сигурен дека нема да му пријдат жени. Тој исто така додаде дека не сака да ги има во негова близина бидејќи го преплашуваат .

Иако никогаш не била дијагностицирана, се верува дека Калитсе Нзамвита страда од многу ретка состојба наречена гинофобија, што значи  ирационален страв од жените . Експертите велат дека претходните лоши искуства со жените, како што се ментална или физичка злоупотреба, запоставување, силување, физички напад или сексуално вознемирување или генетика се можни причини.