Се повлекува од продажба познатиот тортиља чипс! Пронајдена непријавена состојка: Здравствен ризик

Доритос повлекува еден од своите популарни производи откако беше откриено дека содржи непријавена состојка која може да претставува ризик од алергија, објавија странските медиуми.

Агенцијата за стандарди за храна (FSA) објави дека Doritos го повлекува вкусот на „Tangy Cheese“ бидејќи сојата не е пријавена во списокот со состојки.

Тортиљата била погрешно спакувана со Doritos Chilli Heatwave, која содржи соја, се вели.

Известувањето за отповикување важи само за Doritos Tangy Cheese 180g продадено во Tesco и Doritos Tangy Cheese пет пакувања од 30g од Poundland.