Украина потпиша билатерални безбедносни договори со Италија и Канада

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека потпишал билатерални безбедносни договори со италијанската премиерка Џорџа Мелони и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Договорите имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на Украина додека таа не ја постигне својата цел да стане членка на НАТО.

Во објава на социјалните мрежи, Зеленски рече дека документот „поставува силна основа за долгорочно безбедносно партнерство меѓу Украина и Италија“.

Лидерите на Италија и Канада во моментов се во Киев за да ја одбележат втората годишнина од инвазијата на Русија врз Украина