ОВАА ГРУПА НА ЛУЃЕ СЕ ПОВЕЌЕ СТРАДААТ ОД МОЗОЧЕН УДАР – Познат невролог предупредува: “Внимавајте на овие симптоми!“

Мозочниот удар е болест која сè повеќе ги погодува младите луѓе. Според статистичките податоци, во последните години 10 до 15 проценти од мозочните удари се јавуваат кај пациенти на возраст од 18 до 50 години.

Истражувачите го припишуваат овој факт на зголемување на распространетоста на факторите на ризик. Тие вклучуваат пушење, вишок телесна тежина, хипертензија, дијабетес и нарушувања на липидниот метаболизам. Доколку не се преземат мерки, можеби во блиска иднина мозочниот удар може да стане типична болест на младите работоспособни луѓе“, вели д-р. Аминат Џанбековна Тазартукова.

Кои се главните причини за заболување кај младите ? Одговорот на ова прашање го даде главниот хонорарен невролог на Министерството за здравство на Русија, д-р. Ринат Равилевич Богданов.

Пред сè, тоа е наследна предиспозиција. Посебно алармантни треба да бидат мозочните удари кај крвни сродници; конгенитална хиперхолестеролемија (липиди во крвта) или абнормалности на васкуларниот развој, нарушена васкуларна контрола – мигрена. Во овој случај, ризикот од мозочен удар се зголемува речиси двапати.

Метаболичен синдром: дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и седентарен начин на живот, кои исто така го зголемуваат ризикот од мозочен удар на млада возраст.

И, конечно, карактеристики на животниот стил: употреба на големи дози на орални контрацептиви, како резултат на тоа, зголемување на згрутчувањето на крвта (на возраст над 35 години, ризикот од хеморагичен мозочен удар се зголемува за двапати). Ако човекот пуши, ризикот од мозочен удар се зголемува за трипати, со висок крвен притисок – за 10-15 пати, особено во услови на долготраен стрес.

Најчести симптоми на мозочен удар:

1.) Ненадеен почеток на конфузија;

2.) Ненадејна вкочанетост или слабост на лицето, раката или ногата – особено на едната страна од телото;

3.) Тешкотии во зборувањето или разбирањето на говорот на другите;

4.) Ненадејни проблеми со видот на едното или двете очи;

5.) Ненадејна вртоглавица, губење на рамнотежа или координација;

6.) Силна главоболка.