ФОТО | ВО ИСТАНБУЛ – МРАК! Бизарна ситуација на натпреварот помеѓу Ефес и Партизан во Евролигата

На натпреварот помеѓу Ефес и Партизан во рамки на 10. коло од Евролигата, во салата во Истанбул се случи бизарна ситуација.

Имено, во еден напад на Партизан се изгаснаа светлата на средината од вториот дел од натпреварот!

Во еден момент се изгаснаа рефлекторите во салата, што предизвика краток прекин на натпреварот додека не се реши проблемот.

Одговорните за осветлувањето брзо реагираа и по неколку секунди салата беше осветлена и натпреварот продолжи.