ФОТО | “ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“ ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА – Премиерот на Косово, Албин Курти присуствуваше на преименување на улица во општина Чаир

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денес присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир. 

Во обраќањето, Албин Курти вели дека пред пред две недели е одбележана 5-годишнината од смртта на Адем Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Адем Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и претседателите на движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши и Изет Меџити кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок.

Попладнево, Албин Курти е во посета на Тетово. Според агендата, тој денес ќе се сретне со албанските опозициски партии, но не се најавени средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.