ФОТО | “ГАДНО…“ – Жена од Србија купила пилешко месо на пазар, но кога го исекла се згрозила од тоа што го видела: “Што е ова !? Што ни прават со јадењето !?“
Жена од Нови Сад, Србија, на социјалните мрежи објави што доживеала откако купила пилешко месо на пазарот во тој град.
Таа на социјалните мрежи објавила фотографија од пилешкото месо кое нејзината ќерка го купила на пазар од продавачот од кој секогаш купувала. Но, кога го исекла парчето месо, се изненадила од она што го видела внатре.
„Ќерка ми купи пилешко денес на пазар од регистриран продавач, каде што секогаш купуваме. Кога го пресеков… Дали некој знае што е ова ?! Што ни прават овие луѓе ?!“, напишала во објавата на социјалната мрежа Твитер со приложената фотографија која предизвика реакции кај многу корисници.
На прв поглед изгледа како некакво полнење на месото, но еден корисник на социјалните мрежи објасни дека се работи за болест на зелените мускули поради пребрзо дебелеење. Корисникот објаснил дека месото е неисправно бидејќи е инфекција и дека мора да се врати и да се пријави на увид.
Други корисници забележале дека оваа состојба на месото може да се појави и кога месото постојано се одмрзнува и замрзнува.
„Ако белото месо од пилешкото е зелено внатре, тоа укажува на присуство на бактерии Pseudomonas fluorescens во месото. Оваа бактерија може да се појави кога месото се чува долго време на температури меѓу 4°C и 10°C или ако месото не се чува на доволно ниски температури…“, напишал еден корисник во коментарите под објавата.