ФОТО | Германската секс-бомба ‘под притисок’ ја откри тежината и колку калории внесува дневно: Обожавателите во целосен шок

Во неодамнешната искрена објава на социјалните мрежи, Хајди Клум се отвори за нејзината тежина и навиките во исхраната.

Германската убавица оваа информација ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и одговори дека внесува само до 900 калории дневно, што прилично ги шокираше нејзините обожаватели.

слика
Објавата на Хајди Клум на социјалната мрежа Инстаграм

50-годишната Хајди Клум, наводно, го започнува денот со нискокалоричен појадок кој се состои од три пржени јајца во топла пилешка супа, пишува Page Six.

Друг следбеник потоа ја замолил Хајди Клум да ја сподели нејзината моментална тежина, па таа извадила вага и застанала на неа со боси нозе. Набрзо таа објави видео кое ја насмеа нејзината публика и откри дека има 62,5 килограми. Тука завршува приказната за исхраната кај неа. 

Манекенката родена во Германија е висока 175 сантиметри, така што нејзиниот индекс на телесна маса е во нормалниот опсег според експерите. Дополнително, медицинските експерти препорачуваат жените да внесуваат 2.000 калории дневно.

Сепак, со текот на годините, Хајди Клум стана поопуштена во врска со тоа што јаде бидејќи не сака да се чувствува како да е „обврска“, но сепак приоритет дава здрава храна.

На почетокот морав да бидам дисциплинирана за храната, а сега само се навикнав“, изјавила мајката на три деца за Red Magazine во 2020 година, пренесува Daily Mail.

Има толку многу избори, само изберете ги вистинските работи“, накратко објаснила таа.

Во меѓувреме, Хајди Клум гордо ја покажува својата фит фигура на социјалните мрежи, а на една од најновите фотографии со костими за капење во едната рака носеше чинија со свежо овошје, а во другата чинија со домати.