ФОТО | Ги има најголемите усни на светот, но не е задоволна: Сака да бидат уште поголеми, дури и ако ги плашат мажите

Таа потрошила околу 22.000 евра за естетски корекции

Жената со „најголемите усни на светот“ Андреа Иванова (26) открива што сака за новогодишните празници.

Нејзините обожаватели сигурно нема да бидат изненадени што таа посака уште поголеми усни(!), дури и ако ги исплашат мажите. Таа призна дека во блиска иднина ќе се „почести“ со нова естетска интервенција.

Младата Бугарка почнала да го модификува своето тело во 2018 година, а до денес потрошила околу 22.000 евра.

Признава дека семејството и пријателите се загрижени за нејзиното здравје, но решена е повторно да оди на „разубавување“.

„Тие веруваат дека нешто лошо ќе се случи и дека козметичките зафати може да доведат до фатални последици во иднина. Јас сум возрасна и одлучувам што да правам со моето тело. Секоја година одам на нова процедура“, изјави Андреа.

Девојката признава дека има потешкотии да најде љубов поради нејзините животни избори.

„Ако сум во врска, а партнерот ми каже дека му е непријатно кога заедно одиме по улица, тогаш ќе раскинеме. Можеби ќе бидам тажна или навредена, но ќе најдам некој на кој не му пречи мојот изглед“, додала таа.

Андреа би сакала „лудо да се заљуби“ и да го запознае вистинскиот маж, пренесува The Sun.