ФОТО | ГО СЛАВЕЛА СВОЈОТ РОДЕНДЕН ЗАЕДНО СО ЏЕФРИ ЕПШТАЈН, А ДЕНЕС НЕ ГО ПОЗНАВА !? Една од најубавите девојки од 90-тите години се најде на “списоците“ на милијардерот-педофил

Во објавените судски документи кои веќе предизвикуваат „земјотреси“ на обвинетиот милијардер-педофил Џефри Епштајн се појавуваат бројни познати имиња од светот на политиката и шоу-бизнисот. Како што се наведува, се верува дека во тајната документацијата се споменати над 200 имиња меѓу кои има имиња и на малолетни лица. 

Пред четири години, славната убавица и најпознатата манекенка од 90-тите години на минатиот век се најде на листата на контакти, поточно во „црната книга“ на Џефри Епштајн – Наоми Кембел.

Наоми Кембел
Наоми Кембел

Набргу откако во јавноста почнаа да протекуваат документите поврзани со обвинетиот Џефри Епштајн, Наоми Кембел остави необична порака на социјалната мрежа Инстаграм.

Приватност, уживајте и напредувајте во тишина“, напиша Наоми Кембел неколку минути откако светските медиуми почнаа да пишуваат за документите во кои се споменуваат имињата на клиентите на Џефри Епштајн.

Во 2019 година, Наоми Кембел падна во виор од приказни поврзани со Џефри Епштајн. Имено, BBC тогаш објави дека таа е пријателка со милијардерот и дека тој на прославата на нејзиниот роденден дошол во друштво на сексуалната „робинка“ Вирџинија Робертс.

Како што кажа Наоми Кембел, тогаш со Џефри Епштајн ја запознал нејзиното тогашно момче Флавио Бријаторе (69 г.).

Тој секогаш беше во првиот ред на ревиите на ревиите на ‘Victoria Secret‘. Тоа што го направил е неописливо. Кога слушнав што направил… Му благодарам на Бога што имаше добри луѓе кои ме заштитија. Не можам да замислам како се чуствуваат жртвите…“, изјави тогаш Наоми Кембел.

Според Yahoo, Наоми Кембел работела со многу мажи за кои подоцна било откриено дека биле насилници или сексуални предатори. Манекенката беше многу добра со Харви Вајнштајн и Кевин Спејси, и двајцата беа обвинети за повеќе точки за сексуален напад и силување.

Кевин Спејси
Кевин Спејси

Наоми Кембел негираше дека била соучесник на кој било начин и дека секогаш е тука да ги заштити слабите и оние на кои им е потребна.

Џефри Епштајн беше во затвор и чекаше судење за сексуално вознемирување на жени и сексуална трговија со луѓе, без можност за кауција, а тој се самоуби во својата ќелија. Џефри Епштајн се изјасни за невин за сексуална трговија со луѓе, откако беше фатен два дена претходно. Обвинителите во обвинението тврдат дека тој намамил десет 14-годишни девојчиња во неговите луксузни вили во Њујорк и Флорида и им плаќал за сексуални услуги.