Инфраструктурните и енергетските проекти, патот кон евроинтеграциите, како и состојбата во регионот, вклучително и на северот на Косово, беа главни теми на разговор на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби оствари со албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку.
Како што соопшти Кабинетот на Груби, соговорниците разговарајќи за проектите меѓу двете земји, посебен акцент ставија на Коридорот 8 со оценка дека реализацијата на овој амбициозен проект преку јасен план за негова изградба ќе биде големо достигнување не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за целиот регион.
Груби и Балуку разговараа и за железничката врска меѓу Скопје и Драч, сувото пристаниште во Струга и новиот граничен премин меѓу двете земји.
Европските интеграции се заедничко патување на нашите две земји, сега сојузници во НАТО, и ние сме посветени на брзо завршување на преговарачкиот и пристапниот процес во ЕУ преку спроведување на реформите и задачите што ги имаат нашите земји, оценија Груби и Балуку.
Тие разговараа и за состојбите во регионот, вклучително и за северот на Косово, со апел да се воспостави смиреност и страните да го продолжат дијалогот по постигнувањето на договорот во Охрид и негово финализирање со меѓусебно признавање.