ФОТО | ГРУПА ЛОВЦИ НА ЗМИИ ФАТИЛЕ “ЧУДОВИШТЕ“ – Мислеле дека е алигатор, но кога го уловиле сфатиле со што си имаат работа

Група ловци на питони испишаа историја откако на Флорида фатија питон долг преку пет метри и тежок речиси 90 килограми.

Ова официјално е вториот по големина питон кој некогаш бил фатен на Флорида.

Неговата глава беше со големина на фудбалска топка“, изјавил ловецот Мајк Елфенбејн за Fox News за надреалниот улов што се случи изминатиот викенд во националниот резерват „Big Cypress“ во Јужна Флорида.

Мајк Елфенбејн и неговиот син Кол сретнале уште тројца мажи кои барале бурмански питони, инвазивна змија од Југоисточна Азија која сега дивее низ јужниот дел на САД.

Сите во исто време наидовме на џиновска змија на патот“, се присетува Мајк Елфенбејн, кој не е професионален ловец на питони.

Мајк Елфенбејн

Мајк Елфенбејн нагласил дека змијата првично изгледала толку голема што мислеле дека е алигатор. Очигледно, потребна била сила на сите петмина за да се стави рептилот под контрола.

Ја држев нејзината глава. Син ми ја фати за опашката. А другите тројца момци се натрупаа на средина. Иако седевме петмина на неа, таа буквално можеше да го подигне телото од земја и да продолжи да се движи. Беше лудо. Беше тотално лудо“, изјавил Мајк Елфенбејн.

Искуството Мајк Елфенбејн го сподели и на социјалните мрежи.

Монструозниот бурмански питон официјално имал обем од 58 сантиметри.

Џејк Валери (22 г.) претходно го фати официјално најдолгиот бурмански питон кон средината на јули во националниот резерват во близина на градот Неапол, Флорида.