ФОТО | ГРЦИЈА НА НОЗЕ – Атина под полициска опсада: Хрватските хулигани кои убија навивач на АЕК пристигнаа во судот, а пред зградата владее општ хаос: “Убијци! Фашисти! Нема да излезете живи!“ – погледнете

Хрватите приведени за нередот и убиството во областа Нова Филаделфија во Атина во средата наутро пристигнаа во судот на распит. Според информациите на грчките медиуми, се очекуваат кривични пријави против 94 осомничени. Во тек е потрагата по преостанатите хулигани кои учествувале во нападот против навивачите на фудбалскиот клуб АЕК, но успеале да и побегнат на полицијата, пишува грчкиот веб-портал Newsbomb.

Почнувајќи од 11:30 часот по локално време, вкупно четири патнички автобуси превезоа повеќе од 90 хрватски навивачи до зградата на судот. Сето тоа се одвивало со голема полициска придружба на специјалната полиција со оклоп и штитови. Како што се гледа од видеата и фотографиите на социјалните мрежи, во придружбата имало најмалку 30 полицајци, некои на мотори, некои во патролни и црни автомобили со затемнети стакла.

слика
Атина, Грција

Причината за толку многу луѓе на патиштата е тоа што, според некои неофицијални информации, некои навивачи на АЕК, желни за одмазда, се распоредиле на одредени точки низ градот, обидувајќи се да најдат можност да нападнат и да им се одмаздат на хрватските навивачи. Луѓето кои рано се собраа пред судницата полудеа штом ги видоа уапсените навивачи и почнаа да викаат.

Нема да заминете живи одовде, фашисти, убијци“ – извикувале насобраните со маски на лицата кон уапсените хулигани.

Според последните информации досега се приведени вкупно 104 лица. Од нив, 94 се хрватски навивачи, меѓу кои и оние кои синоќа беа фатени од грчката полиција во обид да побегнат во Италија и да ја преминат границата со Албанија. Во моментов се шпекулира дека денес, со оглед на големиот притисок на јавноста, судијата на мнозинството навивачи ќе им изрече мерка притвор во текот на истрагата за трагичната смрт на локален млад навивач.

Во суштинското досие кое е проследено до обвинителите има само кривични пријави од кои главната е за учество во криминална организација, пишуваат грчките медиуми. Засега нема обвиненија за убиство бидејќи истражителите се уште се обидуваат да го идентификуваат сторителот (или повеќемина сторители) кој со нож му ја пресекол артеријата на несреќниот навивач на АЕК.

Во текот на ноќта полициските службеници идентификувале уште пет хулигани на Динамо Загреб за кои е утврдено дека учествувале во пресметката пред арената „OPAP“ во која животот го загуби 29-годишниот Михалис Кацурис. Петмина мажи на возраст од 25 до 41 година биле пресретнати од полицијата додека се качувале на траект за Бари. Иако тврделе дека дошле на одмор, полицијата се посомневала во вистинитоста на тврдењата со оглед дека со себе немале багаж. По истрагата, петмината Хрвати ќе бидат префрлени во Атина со посебен трансфер.

Претходно во вторникот беше уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус патувал од Грција за Албанија. На контролниот пункт на граничниот премин Какавија бил запрен од полицијата на која и било сомнително дека се враќа назад иако само еден ден претходно влегол во државата. Младиот човек бил приведен и сослушан во полициската станица во Јанина, каде било констатирано дека бил вмешан во тепачка меѓу навивачи и бил уапсен.

слика
Атина, Грција

Од 94 уапсени за нападот во Нова Филаделфија, 89 од нив се хулигани од Динамо Загреб. „Бед Блу Бојс“ поминаа низ половина Балкан за да се пресметаат со навивачите на ривалскиот клуб АЕК, против кого Динамо Загреб требаше да игра во вторник навечер. Според некои информации, Хрватите ја убедиле полицијата дека не планираат инциденти и дека дошле во Грција да го бодрат својот омилен клуб.

Кога им било кажано дека нема да можат да влезат на стадионот поради забраната на УЕФА, тие кажале дека се свесни за тоа и дека натпреварот ќе го следат од околните кафулиња. Како што пренесува Mega, Хрватите тврделе дека некои грчки семејства прво ги нападнале и на тој начин започнале тепачка во која загинал 29-годишен маж. На прашањето зошто биле опремени со палки и ножеви, тие не дале никаков одговор. Исто така, ништо не кажале дали во целата оваа операција имале грчки соработници.

слика
Атина, Грција