ФОТО | ГРЦИЈА ТАГУВА – Ова се младите пилоти кои загинале при падот на противпожарниот авион: Со часови се бореле со огнот, а откриена е и причината за падот

Денес во Грција трагично животот го загубија пилотот Христос Мулас (34 г.) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27 г.).

Капетанот на противпожарниот авион Христос Мулас (34 г.) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27 г.), загинаа денеска во пад на канадски авион во Грција.

Овие херои рано утрово се качиле во авионот и започнале да се борат со огнената стихија, која со денови ја зафаќа Грција.

Нивната судбина, сепак, била сурова… Додека гаснеле пожар во близина на селото Платанистос во Каристос, авионот им се урнал при маневар и тие загинале на должност.

Според грчките медиуми, двјацата службеници полетале нешто пред 12 часот со CL-215 од аеродромот Агиалос на пат кон Каристос.

Малку по 15:00 часот, откако испуштиле вода на жариштето, нивниот авион со десното крило удрил во дрво, што довело до губење на висината и авионот се урнал во следниот момент.

Неколку секунди откако канардот паднал покрај потокот, авионот експлодирал.

Двајца млади пилоти загинале и покрај напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот и да ги извлечат.