„Мелина ме тераше рачно да и ја перам долната облека“ Потресна исповед на поранешната бебиситерка на Џиновиќ: Џина ми кажа дека сака договорен брак исто како на Харис и Мелина

Приказната околу разводот на Харис и Мелина Џиновиќ не стивнува, а изгледа ниту количината на „валканите алишта“ кои полека излегуваат на површина.

И додека претходните години Мелина зборуваше во јавноста за тоа како планира уште едно дете со Харис, покрај ќерката Џина и синот Кан, и дека семејството е смислата на животот за нив и далеку пред кариерата и работата, се чини дека работите во домот на Сењак беа малку поинакви.

Имаше многу шпекулации за врската меѓу Мелина и наследникот, особено откако Харис откри дека синот Кан не разговара со мајка си, додека ќерката Џина не ја следеше на Инстаграм.

Сега се огласи поранешната бебиситерка која детално опишува што се случувало во домот Џиновиќ.

-Нивниот развод воопшто не ме изненади, само се надевам дека децата се добро. Од самиот почеток, ја следам целата оваа збрка околу Харис и Мелина во медиумите и искрено цело време мислам на Џина и Кан. Беа многу помлади кога ги чував, но децата се деца и сигурно не им е удобно. Секогаш беа поприврзани за Харис, се плашеа од Мелина, а јас најмногу ги покривав кај неа кога правеа разни шашми. Додуша, од почетокот ми беше чудно, со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, мислев дека имаат поблиски односи со неа – изјави поранешната бебиситерка, а потоа додаде дека се станало јасно кога и самата видела дека децата со Мелина поминуваат само час-два дневно.

-Се сеќавам, на пример, кога отидов со нив во Бечиќи, бидејќи таму поминуваат скоро цело лето… Мислев дека четворицата ќе бидат заедно, а јас ќе бидам во посебна просторија, сепак, на мое изненадување, не беше така. Харис и Мелина беа во еден дел од хотелот, а јас и децата во друг. Цело време бев во соба со нив, ги будев за појадок, ги носев на плажа, вечерта излегував на прошетки, одев во теретана со Кан, ја придружував Џина кога одеше да се дружи со другарките. Мелина ја среќаваа само накратко во фоајето на хотелот – се присетува поранешната бебиситерка на Џиновиќ, а потоа додава дека морала рано да станува за да може за Мелина да најде добро место покрај базенот, бидејќи не сакала да оди на плажа со децата.

-Го видов Харис само неколку пати, тој секогаш правеше по некоја шега и постојано прашуваше дали децата ме слушаат и дали се е под контрола. Мелина имаше замерки за мојот стајлинг, па неколку пати ми се понуди да ме однесе во шопинг и да ми купи некоја „нормална“ гардероба, на што секако не се согласив бидејќи по цел ден трчав со децата и сакав да бидам лежерно облечена. Таа не сакаше да ја носи својата гардероба во перална, но ме натера рачно да и ги перам работите, вклучувајќи ги и нејзините гаќички и комплетот долна облека, и мислам дека тогаш почнав да размислувам да се откажам. Ме задеваше за се и сешто, и тогаш сфатив дека не и треба само бебиситерка, туку лична асистентка и некој кој буквално ќе ја услужува кога ќе посака.

Таа е искрен соговорник и додава дека, иако на почетокот изгледа така, Мелина воопшто не е толку галантна жена.

-Пред да заминеме за Црна Гора, Мелина неколку пати ми нагласи дека, без разлика на роаминг, телефонот мора да биде секогаш достапен, но со ветување дека ќе ја плати телефонската сметка. Кога се вративме во Белград, таа само ми рече „немам ништо со тоа“, па речиси третина од месечната плата трошев на мобилниот телефон. Поради се, решив да престанам да работам со нив – рекла поранешната бејбиситерка на Џина и Кан, но признава и дека во последно време многу размислува за нив, како и дека една реченица на Џина постојано и одекнува во главата.

-Седнавме двете сами на терасата и ја задевав за нејзината симпатија од училиште, а потоа продолживме да разговараме за момчиња и заљубување. Потоа ми рече „и јас ќе имам ваков договорен брак, ќе се омажам за некој богаташ, а вака ќе бидам со некој што го сакам“. Мислам дека никогаш нема да ја заборавам таа реченица, навистина ме растажи – ја заврши својата исповед поранешната бебиситерка на семејството Џиновиќ.