Првпат по Втората светска војна! Германскиот „железен крст“ повторно во близина на Русија: Литванија има сериозни планови

Литванскиот совет за одбрана одлучи да започне преговори за купување на тенкови Леопард 2 од Германија, изјави денеска министерот за одбрана Арвидас Анусаускас.

– Нашата намера е да формираме тенковски баталјон, но многу ќе зависи од условите, на пример, за која цена ќе се договориме. Затоа не можам да дадам детали – рекол тој, пренесува Ројтерс. 

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, НАТО вети дека ќе го зајакне своето присуство на источната граница на алијансата. Литванија , сосед на Русија и нејзин близок сојузник, Белорусија , во моментов не користат тенкови. Се планира новата тенковска единица да биде борбена подготвена до 2030 година. 

Германија вети дека ќе распореди трајно борбена бригада од околу 4.800 војници во Литванија до 2027 година, што ќе го претставува првото воено присуство на Германија во странство по Втората светска војна.