ФОТО | Дали знаете кој е тој !? Легендарниот актер за прв пат по четири години забележан во јавноста целосно изменет – многумина не го препознаваат

Пензионираниот актер и легенда на Холивуд, Даниел Деј Луис, се појави во јавноста за прв пат по четири години.

Даниел Деј Луис
Даниел Деј Луис

Осамениот трикратен оскаровец, кој го сними својот последен филм во 2017 година, се обидува да остане „анонимен“ додека во четвртокот ги извршувал приватните обврски во Њујорк, криејќи се зад темни очила за сонце и црна бејзбол капа. Но, идентитетот на 66-годишната ѕвезда била откриен со фактот дека тој се уште користи телефон на преклоп – уред што го натера да стане вирален уште во 2018 година. Даниел Деј Луис, исто така, бил забележан како го потпишува своето име додека земал пакет во Њујорк.

Актерот со британско потекло ја избричи главата во 2017 година, а сега има долга коса до рамениците. Во петокот, актерот бил виден по втор пат, носејќи ја истата капа и очила, додека шетал рака под рака со долгогодишната сопруга Ребека Милер (60 г.).

Даниел Деј Луис
Даниел Деј Луис

Познатиот актер времето помеѓу Њујорк и Анамој, Ирска го поминува со сопругата со која е во брак од 1996 година. Парот има два сина – Ронан (24 г.) и Кашел (21 г.). Даниел Деј Луис го има и синот Габриел (28 г.) од претходната врска со француската ѕвезда Изабела Аџани. Славниот актер се повлече од актерството во јуни 2017 година по блескавата кариера која траеше повеќе од три децении, пишуваат светските магазини.