ФОТО | ДЕНЕС ВАЖИ ЗА ГОЛЕМ ШМЕЌЕР, А ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ВО МЛАДОСТА – Серхио Рамос направил целосна трансформација на лицето веднаш што ги заработил првите сериозни пари !?
Познатиот шпански фудбалер Серхио Рамос денес важи за еден од најзгодните и најпосакуваните фудбалери на планетата, но не беше секогаш така.
Иако секојдневно добива бројни комплименти за совршениот изглед, фудбалерот на Севиља не бил толку привлечен во младоста.
На големо се шпекулира дека славниот Шпанец вложил огромни пари во естетска хирургија бидејќи не бил задоволен од својот изглед. Наводно, за бројните интервенции што ги имал на лицето, дал вкупно 13.000 евра.
Потрошил 350 евра по третман за инјектирање ботокс, па неговото лице нема видливи брчки иако е во 38-та година од животот. За операцијата на носот платил 7.000 евра, за поправање на долната вилица 1.000 евра, а за нови заби 4.000 евра…
Секако, Серхио Рамос не е ниту првиот ниту последниот фудбалер кој решил да инвестира во својот изглед.