ФОТО | ДЕНЕС ЗАСТАНУВА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА – Илјадници трактори ги блокираа патиштата низ целата земја: Ова е најголемиот протест на земјоделците досега – силен удар за Олаф Шолц

Денеска практично нема да има дел од Германија што ќе функционира нормално бидејќи на патиштата ќе има илјадници трактори, во протестот што германските земјоделци го најавуваат како најголем во историјата.

Медиумите пренесуваат дека германскиот весник Bild објавил мапа со градови и автопати чии блокади се најавуваат, а списокот е долг. Властите ги повикаа граѓаните да користат железнички превоз во понеделник и да не користат автомобили, работодавачите им порачуваат на луѓето да работат од дома каде што е можно, училиштата ќе ги оправдаат детските отсуства.

Сцени со блокади се гледаа на повеќе места во Германија во изминатите недели. Во средината на декември, стотици трактори беа паркирани во центарот на Берлин.

На некои видеа може да се види како полицијата со возилата се обидува да им го попречи патот на тракторите, но тие скршнуваат од патот, а тркалата со пречник од речиси два метри лесно ги заобиколуваат полициските блокади низ полињата и каналите. 

Трактори, Протест, Трактор, земјоделски протест
Германија

Многу дејствија не само што се законски неоправдани, туку понекогаш претставуваат закана за сообраќајот и јавната безбедност и ред“, критикува полицискиот синдикат – затоа што полицијата ќе има повеќе работа од било кога.

Откако Уставниот суд и забрани на федералната Влада да се задолжува и да внесува одредени трошоци во Буџетот за 2024 година, се создаде дупка од 17 милијарди евра.

Пред само неколку дена беше постигнат компромис во коалициската Влада составена од три партии – социјалдемократска, зелена и либерална – за коригиран Буџет со бришење на разни субвенции, што ќе доведе до значително зголемување на цената на бензините и дизелот, струјата, парното, субвенциите за електрични автомобили и намалено темпо на многу инвестиции.

А што се однесува до земјоделските производители, беа избришани субвенциите за набавка на дизел и се воведе данок за сите земјоделски возила, исто како и за патничките, пропорционално на моќноста на моторот и потрошувачката на гориво.

Тешките трактори и земјоделските машини трошат големи количини дизел и имаат мотори со голема моќност. Германските земјоделци сметаат дека алатките на кои се навикнати не треба да се ставаат на исто ниво како и приватните автомобили.

Ова е причината зошто гневните земјоделци повикаа на блокада на целата земја. Исплашената Влада веднаш донекаде попушти, се откажа од данокот за земјоделските машини и вети дека постепено ќе се враќаат субвенциите за горивото, но селаните не беа задоволни со тоа.

Претседателот на здружението „Паора“, Јоаким Руквид, истакна дека радикалните потези се непожелни, бидејќи, наводно, меѓу бунтовниците навлегле разни екстремистички групи од десницата и други.

Јоаким Руквид го критикуваше инцидентот од четвртокот, кога неколку десетици гневни жители на северот на Германија го „чекаа“ министерот за економија Роберт Хабек на пристаништето на траектот што го користеше за да се врати од краткиот одмор на еден остров. Фериботот мораше да се сврти и да застане на друго место, додека полицијата употреби бибер спреј.

Трактори, Протест, Трактор, земјоделски протест
Германија

Тој потег го осуди речиси целата политичка сцена, а од него се огради и Јоаким Руквид.

Ваквите постапки им штетат на нашите политички цели. Сакаме да протестираме мирно и уредно во наредните недели“, порача Јоаким Руквид.

Тој кажа дека нема место за десничарските и другите радикални групи кои сонуваат да го урнат поредокот. 

Ние сме демократи и со нас, политичките промени, доколку се пожелни, се случуваат со гласање на денот на изборите“, додаде тој.

Во Германија има 256.000 земјоделски стопанства во кои работат околу 937.000 луѓе.

Олаф Шолц
Олаф Шолц

Протестите доаѓаат како уште еден голем удар за коалициската Влада на канцеларот Олаф Шолц, која е една од најнепопуларните влади во германската историја.