ФОТО | Диета која ќе им се допадне на оние кои уживаат во интимните односи: “Јас практикувам секс диета за да го имам телото од соништата. Три часа дневно, три пати неделно!“
24-годишната Лари Сумпани ја откри својата тајна за постигнување на телото од соништата. Инфлуенсерката решила да практикува необична диета како дел од подготовките за натпреварот Miss BumBum 2023 – секс диета.
Натпреварот кој ги избира најубавите задници во Бразил бара од учесниците да бидат во одлична физичка форма, па Лари Сумпани ги засилила своите сексуални активности.
„Секс диетата“ сугерира дека редовниот, интензивен секс може да помогне во согорувањето на калориите и да го обликува телото. Поддржувачите на оваа диета веруваат дека сексуалниот однос е физичка активност која вклучува напор, зголемен пулс и согорување на маснотии – се што е добро за што поскоро да дојдете во топ форма.
„Се одлучив за оваа диета откако ги истражував алтернативните форми на вежбање и забележав дека сексот, освен пријатен, може да биде и физичка активност која ќе придонесе за мојата подготовка за натпреварот Miss BumBum“, вели оваа инфлуенсерка.
Така таа започнала почесто и поинтензивно да практикува секс, а го комбинира со урамнотежена исхрана и редовно вежбање надвор од спалната соба. Според неа треба да имате секс најмалку три часа дневно, најмалку три пати неделно. Таа е задоволна од резултатите.
Таа поради оваа диета ослабела, ја зголемила физичката издржливост и забележала дека има поголема самодоверба. Покрај тоа, таа истакнува дека секс диетата не е само за согорување калории, туку и вистинско искуство – во кое чувствувате подобро задоволство и поврзаност со партнерот.