ФОТО | Додека Том Круз и испраќа цвеќиња, Шакира ужива на јахта со познат заводник – латино-дивата блеска како никогаш претходно

Латино-дивата Шакира (46 г.) е фатена од папарацо-новинарите во Мајами во друштво на британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон (38 г.), пишуваат светските магазини.

Тие заедно уживале на неговата јахта во друштво на уште неколку пријатели, а набрзо низ Интернет почнаа гласини за можната романса.

Луис Хамилтон и Шакира со пријателите на јахта во Мајами

Шакира на Ф1 трката беше забележана актерот Том Круз (60 г.), а по трката на вечера со Луис Хамилтон. Возачот на Ф1 навистина не се прослави на патеката, заврши на шестото место, додека Холанѓанецот Макс Верстапен го зазеде првото место.

Како што веќе сите знаат, Шакира минатата година ја прекина долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике (36 г.) поради неговата афера со студентката Клара.

Згодната Колумбијка неодамна се преселила со своите синови од нивниот заеднички дом во Барселона во Мајами.

Судејќи по неодамнешните фотографии на Жерар Пике, се чини дека фудбалерот драматичната пауза ја поминал многу полошо од пејачката. Имено, додека делува тажно и запоставено и има видно вишок килограми, латино-дивата изгледа навистина ужива во својата слобода.

Жерар Пике

Многу убавици паднаа на Луис Хамилтон, а меѓу нив се Никол Шрезингер, Рита Ора и наводно Кендал Џенер.

Дали Шакира навистина има ново момче, ќе видиме во наредните денови…