ВИДЕО | ВОЗНЕМИРУВАЧКО – Морничави снимки! “Има нож!“ – Полицијата брутално убила жена пред очите на нејзиното дете, упаднале во куќата поради семејна расправија, а потоа се случил вистински хорор…

Полицијата од Њујорк, САД, застрелала и убила жена која им влечела нож откако тие одговориле на повик за семејна расправија, пишува весникот New York Times.

Вознемирувачкото видео од убиството на Џејми Фејт (34 г.) на социјалните мрежи го објави Државното правобранителство за специјални истраги на САД.

Жената живеела со својот партнер и нивните три сина во населбата Хајд Парк. Полицијата интервенирала по пријава за семејно насилство и првично биле во можност да ја смират расправијата меѓу Џејми Фејт и нејзиниот партнер, кој не е именуван од страна на весникот.

Додека полицајците од Хајд Парк разговарале со Џејми Фејт по конфронтацијата, таа се вооружила со нож, а потоа се обидела да ги избоде“, тврдат официјалните лица на полицијата за американските медиуми.

Полицискиот оддел на Хајд Парк соопштил за споменатиот весник дека нема коментар поради тековната истрага на случајот.

Краток видео-клип снимен од камерата на телото на еден од тројцата полицајци кои интервенирале започнува со прикажување на Џејми Фејт како ја одведуваат од спалната соба, а едно од нејзините деца може да се види како стои во позадина.

Полицајците штом излегле од собата забележале дека жената е вооружена.

Внимавај! Нож“, извикал еден од полицајците додека другиот веднаш почнал да се бори со жената обидувајќи се да и го тргне ладното оружје од раката.

Жената некако успеала да стане, но не сакала да ја послуша наредбата да застане и веднаш се упатила кон полицајците, а еден од нив веднаш испукал четири куршуми кон неа.

Не! Што по ѓаволите… Тргни се од неа! Тргнете се од неа“, се слуша како партнерот на несреќната жена вреска по пукањето во видео-снимката.

Џејми Фејт била прогласен за мртва кратко време подоцна. Инцидентите во кои животот го губат цивили за време на средбите со полицијата се предмет на истрага на јавниот обвинител.

Видеото е објавено врз основа на директивата на државниот обвинител Летиција Џејмс, снимките од камерите до кои дојде канцеларијата во текот на истрагата да бидат објавени со цел да се зголеми транспарентноста и да се зајакне довербата на јавноста“, наведуваат од Државното правобранителство на САД.