“НЕМА ДА И ОЛЕСНИМЕ!“ – Џо Бајден стави крај на сите прашања: “Украина мора да ги исполни сите услови за членство во НАТО“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, денес изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови како и другите земји за да стане членка на НАТО.

Џо Бајден наведе дека не треба да ѝ се олесни пристапот на Украина.

Украина не може да биде фаворизирана и мора да се почитуваат сите критериуми. Значи, нема да и олесниме“, посочи Џо Бајден.

Тој додаде дека на Самитот на НАТО во Вилнус, Украина нема да добие покана за членство, потенцирајќи оти земјата стане членка на НАТО „кога ќе дојде време“.