ФОТО | ДРАМАТА ВО МОСКВА ПРОДОЛЖУВА – Два дена ниту трага, ниту глас од најталентираната руска лизгачка: 16-годишното девојче се скарала со тренерот, влегла во парк и оттогаш и се губи секаква трага…
Младата 16-годишна уметничка лизгачка Алина Горбачева исчезнала во понеделникот вечерта во главниот град на Русија, Москва.
Според руските медиуми, младата шампионка и една од најталентираните уметнички лизгачки во светот имала тренинг во арената „Чкалов“.
Таа околу 18 часот по локално време се скарала со тренерот и ја напуштила арената во 18 часот и 54 минути, а со себе имала телефон, таблет и темносин ранец.
Девојката ја напуштила салата во правец на црквата „Владимировска“, каде влегла во паркот лоциран на брегот на реката Москва и оттогаш и се губи секаква трага.
Некои руски медиуми пренесуваат неофицијални информации дека полицијата ги пронашла нејзините работи на насипот, но тоа се уште не е официјално потврдено.
Алина Горбачева живеела во Москва со тренерот Софија Федченко од 9-годишна возраст. Таа е родена во Краснодар, но нејзините родители, во обид да го потврдат нејзиниот голем талент за уметничко лизгање, ја испратиле во Москва.
„Нема вести за Алина, исчезна во понеделеникот и се уште се врши интезивна потрага по неа. Освен снимниките во паркот немаме ништо друго. Ангажирани се и кучиња во потрагата, но помина многу време“, изјавиле од семејството за руските медиуми.