ФОТО | ДРАМАТА И ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА ПРОДОЛЖУВААТ И ДЕНЕС – Евакуирани повеќе аеродроми во државата поради дојави за бомби: Луѓето исплашени чекаат на улица
Неколку аеродроми во Франција денес беа повторно евакуирани по добиени закани за бомби.
Bloomberg објави дека ова се случило еден ден откако вчера беа евакуирани аеродромите во Франција и Белгија поради истата причина.
Регионалните власти во Монпеље наводно на социјалната мрежа Х (Твитер) објавиле дека тамошниот аеродром е евакуиран поради закана за бомба.
На истата социјална мрежа беше објавено дека во 11 часот е извршена евакуација на аеродромот во Лил, кој сега постепено повторно се отвора.
Француските медиуми претходно објавија дека регионалните аеродроми во Бордо, Нант, Лил и Монпеље се евакуирани.
Наведено е и дека е извршена евакуација на аеродромот „Бове“, кој го користат нискобуџетните авиокомпании во парискиот регион, како и аеродромот „Тарб-Лурд“ во југозападниот дел на регионот на Пиринеите.