ФОТО | Држава во Азија го промени знамето, а причината за промената ќе ве шокира

Претседателот на Киргистан, Садир Џапаров, го потпиша законот за промена на државното знаме два дена откако пратениците го одобрија на последното читање.

Законодавците истакнаа дека жолтите зраци на сонцето на црвеното поле на старото знаме личат на сончоглед, а киргистанскиот збор за сончоглед е „кункарама“ што значи „зависен“.

Според пратениците, законот дозволува „корекција“ на сончевите зраци за знамето повеќе да личи на сонце. Неколку демонстрации против промената се одржаа во Киргистан откако беше предложена во октомври оваа година.

Садир Џапаров на Националниот Конгрес порача дека идејата за промена на знамето му припаѓа нему. Корисниците на социјалните мрежи во оваа земја го изразуваат своето противење на промената на знамето. Јавноста ги повика властите и претседателот да не го менуваат знамето.

Граѓанскиот активист Афтандил Жоробеков, кој се спротивстави на промената на знамето и го планираше собирот, беше уапсен под обвинение за масовен неред, а судот му одреди два месеца притвор.

Националното знаме на Киргистан беше одобрено со парламентарна резолуција на 3. март 1992 година, една година откако земјата стекна независност.