ФОТО | ЕВЕ КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛЕ ДЕЦАТА НА КРАЛОТ ЧАРЛ III И КАМИЛА – Светот се изненади од фотографиите создадени од вештачката интелигенција: “Кој го направи ова !?“

Со оглед на тоа што кога се венчаа имаа повеќе од 50 години, кралот и кралицата на Велика Британија немаат заеднички деца, па на многумина им беше интересно да ја искористат вештачката интелегенција која има способност да „отркие“ како би изгледале нивните деца доколку ги имаат.

Сегашниот крал Чарлс III (74 г.) и неговата сопруга Камила Паркер Боулс (76 г.) се венчаа на позрела возраст во 2005 година, па немаат заеднички деца, иако и двајцата имаат две деца од првиот брак.

Модерната технологија деновиве насмеа многу луѓе бидејќи покажа како би изгледале нивните деца. Во апликацијата Baby Generator луѓето вметнале фотографии од Чарлс и Камила, а излегле четири фотографии. Две покажуваат како би изгледале девојче и момче на 10 години, а другите две како би изгледале кога ќе пораснат.

Како што наведуваат многумина, и преку фотографиите, децата изгледаат како да се од „кралска крв“ и софистицирани. Нивната изведба е елегантна и со допир на авторитет, според експертите за говор на телото. Децата имаат светло-кафеава коса, сини очи и се малку замислени, а некои велат дека изгледаат премногу сериозно за 10-годишни деца. Тоа е затоа што вештачката интелигенција создаде примери на децата на Чарлс и Камила врз основа на нивните изрази на лицето.

Кралот Чарлс III има два сина, принцот Вилијам (41 г.) и „забеганиот“ принц Хари (38 г.), кои ги доби во бракот со принцезата Дијана од која се разведе во 1996 година, а таа трагично загина една година подоцна во сообраќајна несреќа во Париз.

Принцот Хари, принцот Вилијам, принцот Чарлс, Клостерс
Кралот Чарлс III со своите деца

Од друга страна, Камила беше во брак со Ендрју Паркер Боулс (83 г.) од 1973 до 1995 година, со кој ги има синот Том (48 г.) и ќерката Лаура (45 г.). И двајцата беа на крунисувањето на кралот и кралицата во мај во Лондон и на тој начин докажаа дека се во одлични односи и многу ја поддржуваат својата мајка.